Османи со надеж за успех: Не можат тие да нѐ блокираат, колку што ние сме упорни во процесот

Во своето вечерашно гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, министерот за надворешни работи, Бујар Османи зборуваше за бугарското вето, најновото денеска на самитот во Луксембург.

– Денеска е тешко да се рефлектира по однос на одлуката, иако одлуката не е конечна. Но, ова е очекуван исход, и сите сме под импресии, не само ние, затоа што и граѓаните живеа во овие циклуси на надежи и фрустрации и некако нѐ исцрпува сите нас. За неколку дена можеби ќе бидеме порационални во проценките. Во секој случај, ќе продолжиме понатаму. Ако се обидеме да најдеме елементи на оптимизам во дебатата што се случи, односно интервенцијата на 26 земји членки која нѐ охрабрува и дава надеж.

Земјите-членки на минатиот совет беа некако помолчаливи. Претходното вето на Бугарија некако нѐ вознемири и нас бидејќи и од другите земји имаше некакво двоумење. Но, денеска беше едно такво едногласно, громогласно искажување на ставовите против ова нерационално вето коешто се случи денес, и со силна поддршка за нашето досие, дава надеж дека во овој процес сѐ уште има енергија во него, рече Османи.

Османи на оваа тема вели дека не може Бугарија да нѐ блокира толку колку што ние сме упорни да успее процесот.

– Нема алтернатива. Тоа е шина која води кон еден правец, прашање е на време кога, но јас мислам дека тие не можат да нѐ блокираат, колку што ние сме упорни во процесот, вели Османи.

Министерот вели дека португалскиот предлог не е „мртов“.

– Словенечкото претседателство со ЕУ го превзема португалскиот предлог и продолжува да работи на него, со една силна поддршка од 26 земји членки која е невидена денеска во однос на било кое прашање во Европскиот совет, кажа Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот