
Османи сака да дебатира со „главниот“, а не со Изет Меџити кој бил посредник
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ, Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање дали би прифатил дебата со противкандидатот Изет Меџити, истакна дека не бега од дебати, но, како што посочи, клучната дебата што ѝ е потребна на државата била со премиерот Христијан Мицкоски.
Препорачано
-Јас, по правило, не бегам од дебати. Сум се обидувал колку што можам да наметнам позитивна кампања. Да ви покажам дека политиката е натпревар на идеи, а не натпревар на навреди и клевети… Што се однесува до дебатите, јас не бегам од нив. Но, не треба да дебатирам со посредници, јас треба да дебатирам со главниот, вели Османи според кого Мицкоски, стои зад овој, како што вели, политички експеримент.
Османи потенцира дека ќе дебатира и со посредниците, но, како што рече, тие не се одлучувачите.
Тој додаде и дека земјава, според него, веќе ги имала добиено сите неопходни гаранции од ЕУ и дека сега е време за одлучни чекори напред, а не, како што оцени, за политички игри.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
26мин
-
42мин
-
50мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5