Османи: Почетокот на преговорите со ЕУ треба да се случи на Самитот во јуни

фото Архива

Според министерот за надворешни работи, Бујар Османи, усвојувањето на резолуцијата од страна на Европскиот парламент за Северна Македонија значи чекор кон отворање на преговорите со Европската унија. Иако вчера на усвојувањето на резолуцијата не помина амандманот за казнување на провокаторската реторика на Бугарија, туку само двата амандмана кои се однесуваат на дискриминацијата на Бугарите во Северна Македонија.

„Мислам дека не треба да се дефокусира важноста на резолуцијата која јасно ја повикува ЕУ да ги започне преговорите со Северна Македонија и ја зајакнува европската перспектива на земјава. Пратениците на Европскиот парламент одлучија врз основа на мислењето и нивните ставови. Во синоќешниот процес гледаме чекор напред кон отвореното мислење и време е ЕУ без доцнење да ги започне преговорите“, истакна Бујар Османи.

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук вчера порача дека е важно Македонија и Бугарија да продолжат со конструктивен дијалог за да постигнат компромис за Акциониот план.

„Се надеваме дека и Северна Македонија и Бугарија со помош на конструктивен дијалог ќе постигнат стабилни резултати и ќе ги решат нивните недоразбирања. Треба да имаме конкретни мерки што се однесува до спроведувањето  и оваа работа треба да се посматра со големо внимание. Ова е потребно со цел да бидеме сигурни дека Првата меѓународна конференција ќе се одржи што поскоро. Но, треба да бидеме објективни и да веруваме во пристапниот процес. Треба да имаме поширока слика при градењето на заедничката доверба за да може да ја градиме заедничката иднина. Ни треба мост за обединување а не ѕидови за поделба“, додаде Илхан Ќучук.

Со жешка дебата вчера Европскиот парламент ја усвои резолуцијата за Северна Македонија со која се поздравуваат напорите на земјава во реформите за членство во ЕУ и се охрабруваат Скопје и Софија да најдат заедничко прифатливо решение во врска  со спорот поради кој Северна Македонија не може да ги започне преговорите со ЕУ и покрај спроведените реформи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот