Османи ќе ги претстави приоритетите пред амбасадорите на земјите – членки и набљудувачи на САД – Јадранската повелба

Министерство за надворешни работи / Скопје / МИА
Министерство за надворешни работи / Скопје / МИА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска пред амбасадорите на земјите – членки и набљудувачи на САД – Јадранската повелба (САД, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Косово, Србија и Словенија), ќе ги претстави приоритетите и целите на Република Северна Македонија за време на претседавањето со Повелбата во 2023 година.

Согласно агендата, најпрво ќе се одржи работен состанок со амбасадорите на САД – Јадранската повелба, а потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министерот Османи и амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер, за претседавањето со А5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот