12 C
Скопје

Османи – Ди Мајо: Северна Македонија цврсто останува на определбата за полноправно членство во ЕУ

Можностите за продлабочување на политичките и економските односи, билатералната соработка во сите сегменти од заеднички интерес, како и регионалните актуелни состојби и соработка, беа теми на денешната средба во Рим на шефот на дипломатијата, Бујар Османи со неговиот италијански колега Луиџи ди Мајо.

– Италија во континуитет е меѓу топ десетте земји според големината на трговската соработка со Северна Македонија, која надминува половина милијарда евра, а во 2019 година достигнува дури 720 милиони евра. Ова претставуваа значаен придонес во нашата економија, но со оглед на политичката поддршка, географската близина и традиционалната соработка, сметам дека постои потенцијал за уште поголема економска активност, особено за италијанските инвестиции кои се повеќе од добредојдени во Северна Македонија, истакна Османи на средбата.

Прочитајте и...  ЦУК оддржа три седници: Последен состанок со Управувачкиот комитет

Како што соопшти МНР, фокусот на разговорите беше ставен и на европскиот кредибилитет во регионот, тесно поврзан и со кредибилитетот на самиот процес на проширување, усогласувањето на Преговарачката рамка за Северна Македонија и силната и активна поддршка на Италија за почеток на преговорите за нашата земја.

– Остануваме цврсто на патот на европските интеграции. Европските реформи мора да продолжат, особено во областите на владеењето на правото, со видливи резултати и во борбата против криминалот и корупцијата. Ние мора целосно да ја завршиме и нашата подготовка за почеток на преговорите, да ја дооформиме преговарачката структура, да ги зајакнеме капацитетите за преговарање; исто така, мора да продолжи усогласувањето со европските правила и стандарди во рамките на процесот на Стабилизација и асоцијација, да продолжи и имплементацијата на европското законодавство, како и да продолжат сите оние активности кои условно имаат европски контекст, нагласи Османи, уверувајќи дека Северна Македонија цврсто останува на определбата за полноправно членство во Европска Унија.

Прочитајте и...  Богдановиќ: Во оваа ситуација, за жал, ќе мора да се издаде одобрението за градба кај „Холидеј Ин“

Посетата на Османи на Италија доаѓа во исклучително важен момент за процесот на проширување на Европската унија и во таа насока беше изразена согласност дека отворањето на пристапните преговори ќе донесе повеќекратна корист – како за Северна Македонија, така и за Регионот; но и за кредибилитетот на заложбите на ЕУ за довршување на процесот на Европското обединување, се додава во соопштението на МНР.

Османи и Ди Мајо разговараа и за можностите од продлабочување на билатералните односи во останатите сегменти на општествената соработка; меѓусебната поддршка во мултилатералните организации и секторската соработка меѓу двете држави; а се осврнаа и на актуелностите поврзани со справување со здравствените и социо-економските последици предизвикана од пандемијата како и за процесот на имунизација како важен елемент за надминување на кризата.

Прочитајте и...  Заев: Направивме сериозен исчекор во разговорите за државјанствата со Алијанса и Алтернатива

Во текот на денот, Османи ќе се сретне и со претседателот на Комисијата за надворешни работи при Долниот Дом на италијанскиот Парламент, Пиеро Фасино.

Посетата на Рим Османи ќе ја искористи и за посета на Светата Столица каде ќе има средба и со ватиканскиот секретар за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер.

Поврзани вести

ЕУ воведе санкции за официјални лица во Иран: Техеран одговори со прекинување на соработката

Слободен печат

Американската амбасада во Сараево нема да шпекулира за наводни изјави за територијални поделби

Слободен печат

Дачиќ: Не бев близок со семејството Милошевиќ, но не бев предавник

Слободен печат

77-годишен могилчанец уапсен откако им се заканувал на соселаните со пиштол

Слободен печат

Лукаревска: Најостро демантирам дека Дејан Смилевски имал каква било допирна точка со МојДДВ

Слободен печат

Рашковски вози џип вреден 74 илјади евра кој не фигурира во неговиот анкетен лист

Слободен печат

Остави Коментар