
Оргии, пијанства, прослави на родендени: Дел од причините за бегање од карантин на фудбалерите
Фудбалерите се едни од луѓето на кои најтешко им паѓа самоизолацијата во време кога светот е покосен од пандемијата на коронавирусот.
Одлуките на владите на европските земји најчесто се задолжителен карантин за да се избегне ширењето на заразата со коронавирусот. Но, неретки се случаите кога фудбалерите поради бизарни причини се одлучувваат да не ја почитуваат одлуката за карантин и потоа да бидат ставени на столбот на срамот.
Препорачано
Најбизарен е случајот со фудбалерот на Манчестер сити, Кајл Вокер кој во својот дом повика две проститутки на кои им плати по 2.200 фунти за целовечерни оргии.

Глупоста на Вокер беше откриена благодарение на една од проститутките кои им раскажа на медиумите во Англија за „забавата“ со фудбалерот. Причината за тоа е неговото лицемерно однесување кога апелираше до граѓаните да го почитуваат карантинот и да останат во своите домови.
Нешто слично направи и капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш кој прво апелираше до луѓето да останат во своите домови, а потоа замина на забава кај пријател на кој се испијани до таа мерка што утрото удри во три автомобили.
Поранешниот капитен на Англија, Вејн Руни исто така не го почитуваше карантинот и беше „уловен“ од полицијата во Манчестер, а медиумите шпекулираат дека Руни одел на гости кај Кајл Вокер каде го чекале и двете проститутки.

Фудбалерот на Селта, Фјодор Смолов избега од карантин за да присуствува на 18. роденден на својата девојка која е внука на поранешниот претседател на Русија, Борис Јелцин. Фудбалерот се правдаше дека го известил клубот и добил дозвола да присуствува на роденденот.
Дефанзивецот на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Џером Боатенг освен што не го почитуваше карантинот, тој дури предизвика и собраќајна несреќа во која целосно го уништи својот автомобил. Тој изјави дека го прекршил карантинот бидејќи неговото дете било болно.
Поранешниот перуански репрезентативец Нолберто Солано имаше проблеми со законот откако беше приведен во родната земја бидејќи организирал забава во време кога сите граѓани треба да бидат во самоизолација.
Фудбалерите на Јувентус, Гонзало Игуаин и Даглас Кошта, без дозвола ја напуштија Италија и заминаа во родните земји, Аргентина и Бразил.
Од нашето соседство најчести прекшители на карантинот се српските фудбалери. Најпознат е случајот со играчот на Реал Мадрид кој го напушти својот стан во Белград иако мораше да помине 14 дена во самоизолација и тоа поради роденденот на својата девојка.

Никола Нинковиќ по враќањето од Италија каде настапува за Асколи, наместо во самоизолација беше редовен посетител на белградските кафулиња.
Александар Пријовиќ е уапсен во белградски хотел поради кршење на полицискиот час. Српскиот репрезентативец не ги почитувал препораките од властите и бил затекнат во ресторанот во хотелот заедно со уште 14 лица иако е дозволено во група да има највеќе пет лица.
