Орбан се надева дека Трамп ќе дојде во Будимпешта за да му помогне во изборната кампања

Трамп Орбан/Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Унгарскиот премиер од екстремно десничарската партија Виктор Орбан подготвува специјално изненадување за изборната кампања.

Тој се надева дека Доналд Трамп ќе дојде во Будимпешта во наредните недели за да ја помогне изборната кампања на Орбан.

Центарот за фундаментални права, поврзан со владата на Орбан, испратил покана до Трамп, изјавил за Гардијан извор од владата.

Повикот доаѓа кога Орбан ќе премине во режимот на кампањата пред изборите на 3-ти април, кога неговата партија Фидес ќе се соочи со обединета опозициска коалиција, која се смета за најголем предизвик за неговото владеење откако стана премиер пред 12 години.

„Луѓето во Фидес навистина би сакале Трамп да ја посети Будимпешта во март“, вели изворот, кој додал дека Трамп се уште не одговорил на поканата.

Ако тоа се случи, посетата ќе биде прво познато патување на Трамп надвор од САД по поразот на изборите во 2020 година.

Орбан е голем поддржувач на Трамп, го поддржа летото 2016 година, но и на изборите во 2020 година.

Двајцата разговараа телефонски во јануари, а Трамп му возврати, јавно поддржувајќи го Орбан за изборите во април.

Личната посета на поранешниот американски претседател би се сметала за голем поттик за кампањата.

„Овие посети имаат огромно влијание врз унгарската конзервативна заедница, бидејќи тие го гледаат Трамп како икона, како некој што го поминал своето претседателствување во силен ветер“, изјави извор близок до Фидес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот