Орбан: Интересот на Унгарија е да се избегне воен конфликт, нема да испраќа оружје

Виктор Орбан/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Интересот на Унгарија е да се избегне воен конфликт меѓу Украина и Русија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој повтори дека Унгарија нема да испраќа оружје во соседна Украина, но ќе им помогне на сите бегалци од таа земја.

Орбан изјави за унгарската државна телевизија дека неговата влада ќе се фокусира на интересите на Унгарија и ќе донесе одлуки што ќе им овозможат да останат надвор од конфликтот и дека нема да има санкции чија цена Унгарија на крајот ќе мора да ја плати, дури и ако биде надвор од конфликтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот