Општина Центар поведе постапка за санкционирање на фирмата којашто копала на Водно

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски / фото: Државен завод за индустриска сопственост

По пријава на жители, Општина Центар поведе постапка за санкционирање на фирма којашто копала на Водно. Градоначалникот Горан Герасимовски изјави дека доколку нема пристапен пат, општината нема да гради.

На терен излегоа инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар. По извршениот увид, составен е записник и постапувајќи по Законот за заштита на урбано зеленило, поведена е постапка за санкционирање на фирмата која што копала, се вели во соопштението од Општината.

Што се однесува до самата парцела, ова е парцелата каде одобрение за градба има инвеститорот Маркеза ДООЕЛ издадено на 7.4.2021 година. Оваа парцела се наоѓа во рамки на укинатиот ДУП Ј07 од страна на Уставен суд. По одлуката на Уставен суд, само оние со правосилни одобренија за градење можат да градат во тој опфат.

Според информациите,Герасимовски потенцира дека инвеститорот започнал активности за ископ, очигледно со цел да ја задржи правосилноста на дозволата за градба, која доколку не започне градежни активности во предвидениот рок по закон ја губи.

Но, тоа е сшто може да направи, бидејќи градба не може да има доколку нема пристапен пат, за кој како што веќе во повеќе наврати потврдив, општината нема да го гради, додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот