Општина Центар поднесе жалба за земјиштето кај „Тифани“

Фото: Фејсбук

Општина Центар поднесе жалба по однос на предметот со кој Подрачното одделение на Управата за имотно правни работи го одзема правото на користење на државно земјиште на општината, информира градоначалникот Горан Герасимовски.

При целата постапка Општина Центар како траен корисник на дел од државното земјиште морала да биде прашана за согласност пред било каква одлука или постапка од страна на институциите. Во овој случај при постапката Општина Центар е заобиколена поради што жалбата се однесува на нерегуларности во постапката од страна на Управата – вели Герасимовски.

Тој прецизира дека се работи за катастарската парцела бр.11843/2, на атрактивно земјиште во Центар, во непосредна близина на зградата „Тифани“.

Мојот став и ставот на општината е јасен, нема да дозволиме злоупотреба на ниту една педа државно земјиште – вели градоначалникот на Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот