Општина Центар бара лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби

УЧЕНИЦИ ПРВАЧИЊА ШКОЛО УЧИЛИШТЕ ДЕЦА СКОПЈЕ (1)
Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Општина Центар распиша јавен повик за ангажирање лични асистенти за учениците со посебни образовни потреби кои учат во основните училишта во оваа општина. Заинтересираните граѓани можат да аплицираат најдоцна до петок, доколку ги усполнуваат условите наведени во јавниот повик, кој е објавен на веб страницата на Општина Центар.

Сите оние што ќе бидат вклучени во проектот „Образование за сите“ ќе бидат работно ангажирани како лични асистенти на учениците и ќе работат со скратено работно време од 20 работни часа неделно во период од девет месеци, почнувајќи од 15 септември 2023 година до крајот на учебната 2023/2024 година.

 За кандидатите што ќе бидат избрани и вклучени во проектот „Образование за сите“ се предвидува паричен надоместок во висина од 12.000 денари (нето-износ), со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест , се наведува во Јавниот повик.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот