Фото: Принтскрин/Инстаграм

Опра го откри клучот за надминување на сите препреки: Кога ќе се појават најлошите моменти, само кажете си го овој збор

Опра Винфри јавно откри како ги надминува препреките во животот – отпорноста е клучот!

Кога животот ќе ви сервира лимони, направете лимонада. Сигурно милион пати сте ја слушнале оваа изрека, но како да се поставите кога во животот ќе се појават проблеми и животни тешкотии, како да го направите тој штит и да пронајдете оптимизам тогаш кога ви се чини дека многу врати ви се затвориле?

Опра Винфри во своите мотивациски говори и текстови инспирира многумина, а во еден од нив таа раскажа за тоа како да ја надминеме секоја препрека која ќе ни се појави на патот до саканиот успех и животот за кој сонуваме.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Сите ние сме имале препреки на патот – но клучот е во тоа да се фокусирате на лекцијата на која таа препрека се обидува да ви ја пренесе. Не секогаш му било лесно на некој кој можеби денес е успешен во животот, всушност, понекогаш се чини за речиси невозможно. Но, верувам дека отпорноста е најважниот квалитет кој им овозможува на човечките суштества да триумфираат во моментите на потешкотиите. Одбивањето на болката, но тоа што го правиме со тоа одбивање на крајот ќе биде клучот на нашите најголеми победи и за возврат ќе ја зајакнеме нашата отпорност. Значи, треба да практикуваме заблагодарување на затворените врати наместо да се јадосуваме поради тие затворени врати. Кажете благодарам во најтешките моменти и верувајте во сезнајната моќ на она што е зад вас. Кога димот ќе се разбистри и прашината ќе слегне, ќе видите дека вие се уште стоите на нозе. Се уште сте овде, и тоа е она најважното. Тоа е всушност отпорноста“, објасни Опра.

Сетете се на овие зборови кога животот ќе ви донесе некаква препрека, вие се уште сте тука, стоите и можете многу. Тоа е она најважното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот