Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук

Опозицијата не помага туку се занимава со лаги и конструкции, вели Мицкоски за пожарите

Опозицијата се занимава со лаги и конструкции и ќе продолжат да го прават тоа, изјави премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на Куманово. Според него, обвинувањата на СДСМ за состојбата со пожарите се само обид да се добијат политички поени.

„Опозицијата тоа го прави бидејќи мисли дека на тој начин со таа стратегија ќе добие политички поени и ќе добие поддршка од граѓаните. Дури и да е точно сето тоа што тие го коментираат, а ништо не е точно, тогаш се поставува вистинското прашање што прават тие за да помогнат во процесот. Тие не прават ништо, тие се заминаваат со некрофилија, конструкции и лаги, но тие ќе продолжат бидејќи немаат програма, визија, идеја. Ние имаме јасна програма, јасна стратегија како треба понатаму да работиме – чесно, одговорно, посветено и како што кажав многу пати досега, ќе победиме на крај“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека пожарите во Трубарево и Вардариште се под целосна контрола, а во Дрисла денеска треба да заврши затрупувањето на мал дел што останал.

Филипче побара оставки од Панче Тошковски и Азир Алиу

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот