Оперативец на македонската полиција во Турција го открила Палчо

Фото: Слободен печат

Турската полиција го уапсила Љупчо Палевски-Палчо oсомничен за организирање и извршување на убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот велешанец Панче Жежовски откога директен оперативен извор на македонската полиција го лоцирал и известил за неговата намера да тргне кон Истанбул, соопшти министерот Спасовки.

Тој вечерва извести дека нашите служби од секторот за меѓународна соработка стапиле во директен контакт со оперативниот извор во Баликесир откако добиле известување дека Палевски влегол во Турција.

„Во Турција оди во градот Баликесир и нашите служби од секторот за меѓународна полициска соработка стапуваат во контакт, директно не само со власите, со полицијата, туку стапуваат во контакт со еден нивен оперативен извор кој што за многу кратко време ни врати повратна информација дека лицето се наоѓа во Баликесир и ни кажа за неговите намери дека од тука практично сака да замине во Истанбул. Таму останува, во Баликесир. Се подготвува најмува такси-возач за да оди во Истанбул и тука е практично симулирањето дека ќе оди, оти повторно се враќа назад во градот. Денеска попладнево од страна на колегите од турската полиција е уапсен додека се движел пешки по еден од автопатите, меѓутоа во Баликесир“, рече министерот Спасовски.

Како што рече министерот Спасовски, претходно Палевски симулирал дека ќе патува за Истанбул.

„Крајната дестинација му била Истанбул, според сознанијата од нашиот извор кој што ние го имавме таму, директен. Затоа земал такси и практично знаевме од изворот дека земал такси да оди во Истанбул, излегол од Баликесир, тргнал кон Истанбул и за кратко време се вратил пак назад во Баликесир. Тоа е таа симулација, веројатно мислел дека на тој начин нема да биде откриен“, објасни министерот Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот