фото: EPA-EFE/PETE ANDREOU

Олимпијакос славеше убедливо против Партизан во Евролигата

Кошаркарите на Олимпијакос триумфираа над Партизан во 28. коло од Евролигата со 82:70 (27:18, 19:14, 18:19, 18:19). На тој начин грчката екипа ја прекина серијата на српскиот претставник од четири триумфи на гостински терен.

Од почетокот на натпреварот домашните играа со повеќе енергија и желба, што им овозможи да поведат значително по воведните 10 минути – 27:18. Ниту во вториот период не се промени многу. „Црвено-белите“ од Пиреја го зголемуваа водството и на пауза заминаа со големи „+14“ – 46:32.

Партизан се обидуваше да се врати, но Олимпијакос секогаш имаше одговор на секој обид од гостинскиот тим. Третата и последната четвртина играчите на Партизан ги добија со идентични резултати – 18:19, но тоа беше доволно само да се ублажи поразот.

Домашната екипа ја предводеше Саша Везенков со 17 поени, а зад него беа двајцата поранешни играчи на Партизан Никола Милутинов и Најџел Вилијамс-Госа со по 10. На другата страна најмногу се истакна Карлик Џонс со 17, додека Брендон Дејвис постигна 14.

Олимпијакос сега има скор од 21-7 и е прв во генералниот пласман. Партизан е на 15-13 и ја зазема осмата позиција. Тимот од Пиреја во следното коло му гостува на Панатинаикос, додека „црно-белите“ ќе играат на гости кај Барселона.

Евролига, 28 коло
Петок, резултати:

Анадолу Ефес – Виртус Болоња 89:68
Лион Вилербан – Макаби Тел Авив 95:102
Олимпијакос – Партизан 82:70
Алба Берлин – Барселона 85:99

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот