фото: facebook.com/fcshkupi1927

Олгун Ајдин го напушти фудбалскиот клуб Шкупи

Фудбалскиот прволигашки клуб Шкупи објави дека Олгун Ајдин ја напушти функцијата прв човек на клубот од Чаир.

Во продолжение целото соопштение на фудбалскиот клуб Шкупи за јавноста:

– Претседателот Олгун Ајдин најави заминување од ФК Шкупи преку заедничка вечера со своите вработени. Истиот предупреди на такво нешто веднаш по мечот со Вардар, а тоа веќе ја доби вистинската форма.

Олгун Ајдин го презеде клубот од Скопје да го спонзорира од 2018 година, додека во првата сезона обезбедивме излез во Европа. Со Олгун Ајди како претседател, ФК Шкупи покрај тоа што играше пет последователни сезони во Европа, во 2022 година беше прогласен за шампион, враќајќи го трофејот на најдобриот во Чаир и по 21 година.

Ова се бројките кои говорат за успесите на нашиот клуб под водство на претседателот Олгун Ајдин, кој во понеделникот преку видео снимка го најави својот последен настап – стои во соопштението на ФК Шкупи.

Во прволигашкиот шампионат Шкупи после 14 кола е на шестата позиција со 16 бодови, 11 помалку од водечките Шкендија, Гостивар и Силекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот