Околу 70 проценти од заболените се во рамки на познати кластери, но има и нови

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во огромен процент, меѓу 65 и 70 отсто од инфицираните со Ковид-19 се од познатите кластери и тој тренд продолжува во Скопје, иако има и нови. И секогаш е истата причина, а тоа е непочитување на мерките, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

И покрај забраната, вели тој, луѓето прават масовни собири.

– Значи, нешто што апсолутно нема логика и го осудувам, а го осудуваат и сите здравствени работници. Ние тоа го дискутираме на утринските состаноци на Комисијата за заразни болести секој ден. Значи, ние имаме пациенти кои доаѓаат заради тоа што не почитувале мерки. Јасни се мерките. Не може да се собираат, мора да се носат маски. Не може да се прави свадба кога е тоа забрането. И згора на тоа да не се кажуваат точни информации, вели Филипче.

Тој додаде дека има и нови кластери, меѓутоа во рамките на градот Скопје во општините во кои се кластерите, а пред се, како што информира, станува збор се уште за контакти второ, трето, четврто колено на тие од каде што почна вториот бран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот