фото: EPA-EFE/GERALD LEONG

Оклахома е првиот финалист во НБА лигата

Кошаркарите на Оклахома ја победија Минесота со 124:9 во петтиот натпревар од финалето на Западната конференција, со што се пласираа во финалето на НБА лигата.

Најдобар играч на Оклахома беше Шеј Гилџес-Александер со 34 поени, седум скокови и осум асистенции, а беше прогласен и за најкорисен играч на финалето на Западната конференција.

Чет Холмгрен го заврши натпреварот со 22 поени, седум скокови и три блокади, додека Џејлен Вилијамс постигна 19 поени и осум скокови.

Најдобри играчи за тимот на Минесота беа Џулиус Рендл со 24 и Ентони Едвардс со 19 поени.

Победничкиот тим во финалето на НБА го чека победникот од серијата од Источната конференција помеѓу Индијана и Њујорк, а петтиот натпревар помеѓу овие тимови ќе се игра ноќта помеѓу четврток и петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот