Охриѓанка која повика да се запалат членовите на „Лев Тахор“ доби кривична пријава

Фото: Aрхива

38-годишна охриѓанка која вчера во коментар на социјалните мрежи повика „да се запалат сосе хотелот“ припадниците на еврејската верска група „Лев Тахор“, кои се сместени во хотел во охридското село Лакочереј, доби кривична пријава.

„Полицајци од СВР Охрид денеска извршија службен разговор со В.С. (38) од охридско, која вчера на социјалната мрежа Фејсбук поставила содржина со која извршила кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем” казниво по член 394-г од КЗ“, соопшти МВР.

Коментарот поради кој охриѓанката доби кривична пријава за Ширење на расистички и ксенофобичен материјал / фото: Фејсбук/принтскрин

„При разговорот, В.С. изјавила дека таа во текот на вчерашниот ден ја поставила содржината, а денеска самата ја избришала“, велат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 394-г од КЗ до основното јавно обвинителство Охрид.

ВИДЕО: „Лев Тахор“ е прв случај на дискриминација по основ на антисемитизам, лажни вести се шират низ медиумите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот