Охриѓанец со мопед се забил во товарно возило, со тешки повреди пренесен во болница

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Триесет и тригодишен маж вчера со мопед се забил во товарно возило во Охрид, при што се здобил со тешки повреди.

„На 04.03.2024 во 16.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„15 Корпус” во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат” со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(59) од Прилеп и мопед „томос” со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.И.(33) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид“, информираат од МВР.

Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот