Охриѓанец казнет зашто нелегално изградил поткровје на приватен објект

Фото: mia.mk

57-годишен жител на Охрид доби кривична пријава откако нелегално изградил поткровје на приватен објект, соопшти МВР.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ј.(57) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. Тој, без соодветно одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, на приватен објект нелегално изградил поткровје, што било утврдено и од овластен градежен инспектор при Одделението за инспекциски надзор“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот