Охриѓанец бесправно градел на државно земјиште

Македонска полиција / Фото: МИА

Охриѓанец си доби кривична пријава откако без да поседува дозвола за градба, на државно земјиште извршил доградба на деловен простор.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.С.(43) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење” и „узурпација на недвижности”. Тој, на катарстарска парцела во Охрид, без да поседува соодветна документација за градба издадена од надлежен државен орган, извршил доградба на деловен простор со имотен лист во државна сопственост“, информираат од МВР.

Вонреден инспекциски надзор извршил овластен градежен инспектор при општина Охрид, кој констатирал дека пријавениот доградил и узурпирал државно земјиште без да поседува одобрение за градба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот