Охридско Езеро / Фото: Boris Gjerovski / Wikiloc

Охридското Езеро порибено со пасртмка преку вештачки мрест

По шест години повторно е порибено Охридското Езеро со подмладок од ендемичниот вид охридска пастрмка, одгледан во мрестилиштето на Хидробиолошкиот завод во Охрид.

Се работи за здрав подмладок со тежина од 3,5 грама од единка, собран зимата по пат на вештачко измолзување на пастрмката и огледан во капацитетите за мрест на Заводот. Ова е активност што се спроведува според договорите и програмата од 2024 година, што предвидуваа порибување на езерото со 400 илјади парчиња подмладок одледан во Хидробиолошкиот завод и 200 илјади единки обезбеден од мрестилиштата на Институтот за сточарство, појасни министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој присуствуваше на пуштањето на подмладокот во езерото.

„Иако договорениот минумум беше 400 илјади, во Хидробиолошкиот завод се одгледани 620 илјади единки, што е показател дека по шест години продолжуваме да го порибуваме езерото со националното богатство, а тоа е охридската пастрмка“, рече Трипуновски.

Веќе се склучени и новите договори за порибувањето на Охридското Езеро за 2026 година, со зголемување на средствата обезбедени за таа намена.

„Согласно договорот, за Хидробиолошкиот завод издвоени се 3,3 милиони денари, а за Институтот за сточарство 1,7 милиони денари. Вкупниот број одгледани риби од Заводот треба да бидат најмалку 1,1 милион единки, додека Институтот 570 илјади единки. Тоа значи дека езерото нардната година треба да биде порибено со најмалку 1,6 милиони едински подмладок пастрмка“, рече Трипуновски.

Порибувањето на езерото е редовна активност на Министерството, во рамки на обврската што согласно Законот за рибарство и аквакултура ја има државата за порибување на рибoловните води и риболовната основа изготвена од надлежните овластени институции. Вештачкиот мрест и порибувањето на езерото го вршат Хидробилошкиот завод од Охрид и Мрестилиштето „Шум“ од Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот