Охрид и Струга попатна дестинација за одмор во Албанија

Црквата „Св. Јован Канео“, симболот на Охрид
Црквата „Св. Јован Канео“, симболот на Охрид / Фото: Pexels/Tamara Jovicic

Следното лето Охрид и Струга ќе се соочат со недостиг од сместувачки капацитети, предупредуваат од туристичкиот сектор. Поради ваквата состојба, групи туристи кои одат на одмор во Албанија доаѓаат во Охрид само за преспивање. Ова значи дека ако праксата продолжи ни следните години, Охрид и Струга ќе нема каде да ги сместат гостите.

„Во моментов во Албанија се градат многу хотели и објекти и туризмот цвета. Секојдневно сме сведоци на десетици автобуси кои пристигнуваат на ден. Главно тие се на пропатување кон Албанија. Ние за жал немаме доволно капацитет. За следната сезона можно е да се соочиме со недостиг на сместувачки капацитети“, изјави Јаким Маленко, сопственик на туристичка агенција во Охрид.

Хотелиерите се надеваат дека државата и УНЕСКО ќе најдат начин и компромис да овозможат понатамошен развој на туризмот во Охрид, почитувајќи ги културните, природните и економските интереси. Тие бараат од ХОТАМ да одобри детални урбанистички планови за сите 65 километри од езерскиот брег.

„Има детален урбанистички план за помалку од 10 проценти и како да го правиме развојот? Што овозможува ова? Овозможува градби без дозвола“, изјави Крсте Блажески – претседател на ХОТАМ.

Хотелиерите се жалат дека поради немањето вакви урбанистички планови пропаѓа можноста да аплицираат за пари од европските фондови за инвестирање во туристички капацитети.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот