ОХО Продукција доби Прва награда за развој на тв-серијата „Кога паѓаш“ во Талин

Тинејџерската ТВ серија во развој „Кога паѓаш“, во авторство на познатата македонска писателка и сценаристка Билјана Црвенковска и во продукција на „ОХО Продукција“, ја доби првата награда, односно „Script Pool TV Award“, во рамки на „Industry@Tallin & Baltic Event“, петдневен меѓународен бизнис-самит и саем што се одржува секоја година во ноември за време на филмскиот фестивал „Црни ноќи“ во Талин, Естонија.

Целта на настанот е да поврзува професионалци од аудиовизуелната индустрија од регионот со други глобални индустрии и да поттикне копродукциска соработка и поддршка за регионалните проекти на глобално ниво. „Креаторите на победничкиот проект педантно и прецизно го истражиле светот во кој ја базираат нивната приказна. Вложиле многу труд обмислувајќи ја не само приказната што сакаат да ја раскажат, туку и начинот на кој би можеле подобро да допрат до таргет-публиката, правејќи таа да се заљуби во ликовите и истовремено подобрувајќи им го животот. Исто така, клучно за нашата одлука беше задоволството да се види диверзитет во ликовите, вткаен во заплетот на многу природен начин“, образложи жирито за наградата.

Пред десетина дена, проектот во развој „Скакулци“ на Ханис Багашов, исто така, на „ОХО Продукција“ беше првонаграден на Европскиот пичинг за кратки филмови.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 59, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 5-6 декември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот