
Огромни балони го затворија небото на Литванија: Шверцувале илјадници пакувања цигари
Станува збор за примена на „невидлива“ шема, балони на голема височина, кои радарите тешко ги детектираат, особено кога има силен ветер.
Воздушниот сообраќај над Вилнус, Литванија, денеска со часови беше целосно во прекин откако биле забележани 25 балони на топол воздух што навлегле од Белорусија. Од нив, 10 биле соборени или пронајдени, а останатите сè уште кружат некаде во литванското небо.
Препорачано
Балоните кои лебделе во воздушниот простор на земјата шверцувале илјадници пакувања цигари.
Националниот центар за управување со кризи (NCMC) за Би-Би-Си изјави дека се откриени 25 метеоролошки балони што влегуваат во Литванија од соседна Белорусија, од кои два завршија директно над аеродромот.
Аеродромот соопшти дека затворањето довело до откажување на 30 летови што влијаеле на 6.000 патници.
„Нарушувањата на воздушниот простор“ доаѓаат во време на зголемена тензија во Европа откако голем број упади со беспилотни летала, за кои се сомнева дека се поврзани со Русија, предизвикаа прекин на воздушниот сообраќај.
Полицијата уапсила неколкумина осомничени кои се обиделе да ја преземат шверцуваната стока. Не се откриени нивните идентитети, а ниту целосниот обем на операцијата.
„Воздушниот сообраќај беше прекинат заради безбедносни причини“, соопшти литванското Министерство за внатрешни работи на Литванија.
Станува збор за примена на „невидлива“ шема, балони на голема височина, кои радарите тешко ги детектираат, особено кога има силен ветер.
Граничната полиција претпоставува дека балоните биле пуштени подалеку од самата граница, од внатрешноста на белоруска територија, а потоа ја минале 679 километри долгата граница и навлегле длабоко во литванскиот воздушен простор.