Огнена стихија во Лос Анџелес, евакуирани 50 илјади жители (ВИДЕО)

Околу 50.000 жители на северните предградија на Лос Анџелес се евакуирани заради пожарите што брзо се шират низ цела американска сојузна држава Калифорнија.

Британските медиуми пренесуваат дека пожарникарите го искористиле малото затишје во ветриштата за да можат да се справат со огнената стихија.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вчера прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава .

Пожарите што беснеат низ цела Калифорнија и во самиот Лос Анџелес зафатија површина од 1.700 хектари земјиште, уништувајќи околу 50 градби, додека уште околу 15.000 други објекти се загрозени од огнот.

Без струја останаа околу 200.000 домови и продавници, а се стравува дека оваа бројка може да се зголеми на 850.000 во северна и централна Калифорнија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот