Официјално: Евертон поднесе жалба за одземените десет бодови

Фото: Everton FC

Aнглискиот Премиерлигаш Евертон денеска објави дека и официјално поднел жалба за одземените 10 бодови поради кршењето на финансиските правила.

Независната комисија на Премиер лигата му одзема десет бода на клубот од „Гудисон Парк“ и тоа е најголемата бодовна казна што ја добил еден клуб од најсилната англиска конкуренција.

Одлуката на поднесената желба би требало да биде позната до завршувањето на сезоната. Со одземените бодови клубот падна од 14. на 19. место на табелата и сметаат дека таа казна е превисока.

„Фудбалскиот клуб Евертон денеска ја поднесе жалбата до Судскиот совет на Премиер лигата за одземените десет бодови. Сегаќ е биде назначен апелационен одбор кој ќе го разгледа случајот“, стои во објавата на Евертон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот