Фото: EPA-EFE/Bart Stoutjesdijk

Официјално: Арне Слот нов тренер на Ливерпул

Oд редовите на Ливерпул попладнево и официјално потврдија дека Арне Слот е наследникот на Јирген Клоп.

Јирген Клоп уште пред неколку месеци соопшти дека ова е неговата последна сезона во редовите на Ливерпул, а клубот за негов наследник го избра човекот кој одлично работеше во Феенорд.

Слот е тренер кој во досегашниот дел од кариерата работеше во Холандија и пред Феенорд ги воеше Камбур и АЗ Алкмар. За него Ливерпул ќе биде прв ангажман надвор од татковината.

Со работа во Ливерпул Слот ќе започне на 1. јуни.

ВИДЕО: Манчестер сити испиша историја, четврта последователна титула во Премиер лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот