Одлив на мозоци и работна сила: За 9 години 160.000 луѓе од Македонија заминале во Европа

Плоштад „Македонија“, Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Она што веројатно ќе даде една подобра слика за процесот на заминување од државата се податоците од Евростат за миграции, а кој ги презентира Виенскиот институт за интернационални студии во најновата анализа за нето-миграцијата во Западен Балкан.

Според овие податоци вкупен број на издадени први дозволи за македонски државјани во ЕУ28 и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Швајцарија се 160.663.

Притоа 88.267 дозволи се на луѓе кои се приклучиле на своето семејство, односно на член од семејство кој е веќе во некоја од овие земји.

На школување, во овој период заминале 9.324 државјани на Македонија, за активности за усовршување биле дадени 41.189 дозволи и по други основи – 23.932 дозволи. Она што може да се забележи е дека вкупниот број на дозволи е значително помал во периодот од 2010 до 2014 година кога биле издадени 58.865 дозволи, во однос на периодот од 2015 до 2019 година кога нивниот вкупен број изнесувал 101.768.

Анализирајќи ги стимуланси за иселување, Виенскиот институт потсетува на олеснетата регулатива на Германија за работни дозволи за работници од Западен Балкан од 2016 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот