Фото: Pexels / Kampus Production

Одговорот е во вашата кујна: Со овој трик вашата градина ќе изгледа како од бајките

Некои совети за градинарство звучат премногу едноставно за да бидат ефективни, но градинарите се колнат во нив. Еден таков метод вклучува „секојдневен кујнски отпад“ и чаша вода.

Градинарите секогаш бараат едноставни, природни начини за поттикнување на цветањето, а понекогаш одговорот е веќе во вашата кујна. Синтетичките ѓубрива често се критикувани дека придонесуваат за загадување, а исто така можат да ја оштетат почвата. Ова лето, едно овошје може да биде тајното оружје за прекрасените цветови во вашата градина.

Градинарските експерти открија за британските медиуми дека водата од банана е клучна компонента на природното ѓубриво, вклучително и за сукуленти, овошје и зеленчук. Како што наведоа: „Водата од банана за растенија може да биде едноставен и ефикасен начин да им дадете на вашите зелени миленици ниски дози на хранливи материи преку целата година“.

Водата од банана се смета за течен компост наречен „чај од компост“. Вклучува ставање исечени кори од банана во вода и нивно оставање да отстојат во обична вода неколку дена. Потоа процедете ја течноста и ставете ја во сад зса наводнување. Водата од банана може да се користи за наводнување и на собни и на надворешни растенија.

Градинарите треба да бидат свесни дека оваа вода од банана треба да се разреди со обична вода во размер 1 спрема 5

„Оваа концентрација треба да биде безбедна за вашите зелени миленици. Наводнувајте ги вашите растенија со оваа смеса исто како што би правеле вообичаено. Најдобрата опција за складирање на концентрат од вода од банана е да го чувате во фрижидер во чист, затворен сад. Препорачуваме да го употребите концентратот во рок од две до четири недели“, велат експертите.

Оваа мешавина богата со хранливи материи содржи клучни елементи што им се потребни на растенијата за да напредуваат и да растат силно, како што се калиум и витамин Ц. Користењето вода од банана е исто така паметен начин да го искористите презреаното овошје пред да се расипе, давајќи ѝ на вашата градина здрав поттик, а воедно намалувајќи го отпадот. Други придобивки од водата од банана вклучуваат додавање на други основни хранливи материи во вашата градина, како што се магнезиум и калциум. Друга предност е што ова природно решение може да се користи почесто од ѓубривото купено од продавница.

Како да направите ферментирана вода од банана?

Започнете со темелно мешање на еднакви делови сечкана зрела банана и темно кафеав шеќер. Префрлете ја смесата во сад што може да се затвори цврсто и оставете ја да отстои околу две недели.

Во ова време, ќе се одвива ферментација, постепено разградувајќи ја бананата додека не достигне течна или сочна конзистенција. По 15 дена, ќе имате концентриран ферментиран екстракт од банана.

За употреба, разредете го концентратот со мешање на приближно 14 милилитри со еден литар вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот