Одбележан роденденот на поранешниот севернокорејски лидер Ким Џонг Ил

Северна Кореја
Воена парада во Северна Кореја / Фото: EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY EDITORIAL USE ONLY

Северна Кореја ја одбележа 80-годишнината од раѓањето на поранешниот лидер Ким Џонг Ил без ракети и воена парада, но со голем собир на отворено на ниски температури, јави денеска државната агенција.

Ким Џонг-ил/ Фото: МИА

Неговиот син, актуелниот севернокорејски лидер Ким Џонг Ун, го прослави Денот на светлата ѕвезда, кој ја одбележува годишнината од раѓањето на неговиот татко, во завеаниот Самиџион, во близина на планината Паекту, каде што, според официјалната историја, на 16 февруари 1942 година е роден Ким Џонг Ил.

Фотографиите објавени во севернокорејските медиуми покажуваат голем број луѓе собрани пред статуата на Ким Џонг Ил за да го „прослават големиот празник на нацијата”, јави официјалната новинска агенција КЦНА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот