Од утре северот на Косово ќе остане без српски регистарски таблички

Косово граница / Фото Архива

Денеска истекува дополнителниот рок на Владата на Косово за пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички во градовите во Косово на таблички РКС, а досега 3.300 сопственици на автомобили ги замениле српските косовски таблички, пренесе Бета.

„Пререгистрирани се 3.300 автомобили, а можно е денеска да стигнеме и до 3.400 возила… Нема причина полицијата да смета дека е потребно повторно да го продолжи рокот“, изјави заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани.

„В сабота ако полицијата наиде на автомобили што не се пререгистрирани ќе ги запре, ќе ги одземе регистарските таблички, казните се 150 евра и ќе ја одземат возачката дозвола. На возачот му е дозволено да го тргне возилото од коловозот, но ако повторно наидеме на истото возило, возилото ќе биде одземено и испратено на царина“, рече Елишани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот