Од утре пеколно топло време, УВ зрачењето ќе достигне 9

Топло време илустрација / Фото Архива

Под влијание на многу топла воздушна маса од утре до петок времето ќе биде сончево и многу топло.

Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека максималните температури ќе достигнат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени. В петок во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност.

УВ зрачењето ќе достигне 9.

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска до крајот на денот. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 36 степени, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер, со максимална температура до 35 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот