Од диви депонии во неколку општини собрани 130 метри кубни отпад

Фото: ЈП „Комунална хигиена“

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ деновиве расчистија десетина диви депонии во општините Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Гази Баба, од каде се собрани 130 кубни метри отпад. Дивите депонии биле лоцирани на улиците Ферид Мурат во близина на Пензионерскиот дом и на Самоилова до скопското муфтиство, потоа на булеварите Александар Македонски и на Пластичарска во општината Чаир, на булеварот Македонско-косовска бригада во општината Шуто Оризари, на улицата Бутелска и на последната автобуска постојка на автобусот 45 во општината Гази Баба.

 Во пресрет на празникот Курбан Бајрам, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ спроведоа засилени активности за чистење диви депонии, во чиишто рамки се подигнати приближно 130 кубни метри отпад одложен на јавни и сообраќајни површини. Воедно и годинава во скопските општини каде што масовно се празнува овој празник, ќе бидат поставени посебни контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат својот органски отпад, а претпријатието ќе спроведе активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите исламски верски објекти.” – истакна директорката на ЈП “Комунална хигиена“, Косана Николиќ Мазнева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот