Пукање во Куманово / Фото: ТВ21 / скриншот

Обвинителството за пукањето во Куманово: Засега нема индиции дека нападот имал политички мотиви

По инцидентот во Куманово, во кој непознати напаѓачи со „Голф“ пукаа во носителот на советничката листа на ДУИ во Општина Липково, Зеќирија Шахини, се огласи Обвинителството.

Шахини, лекар-пулмолог од Ваксинце, е ранет во ногата и пренесен во кумановската болница. Според ОЈО, засега нема индиции дека зад нападот врз него стојат политички мотиви.

„Во однос на настанот на настанот во Куманово, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија. Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат“, велат од Обвинителството.

ВИДЕО: Снимки од местото во Куманово каде беше ранет лекарот и кандидат за советник Шахини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот