Облачно време со врнежи од дожд

скопје дожд дождливо време
Дожд во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Времето претпладне облачно со врнежи од дожд, кои во источните делови ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Од четврток попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот