Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Обезбедени се 1.500 комерцијални вакцини против грип за Скопје, цената е 700 денари

На три вакцинални пунктови во Скопје од утре почнува вакцинацијата против сезонски грип за ризичните групи граѓани кои изразиле интерес и за нив вакцината е бесплатна и ја обезбедува Министерството за здравство. За останатите граѓани, кои не спаѓаат во групата на ризични, обезбедени се 1.500 комерцијални вакцини, кои што од утре ќе бидат достапни во Центарот за јавно здравје Скопје по цена од 700 денари.

Обезбедени се 1.500 дози комерцијални вакцини против сезонски грип. Цената е 700 денари и може да се примат во Центарот за јавно здравје во Скопје, почнувајќи од утре, од 7 до 15 часот, изјави за „Слободен печат“ директорот на ЦЈЗ Скопје, доктор Бесим Зекири.

За ризичните групи граѓани пак,  кои изразија интерес на страницата Вакцинација.мк вакцината е бесплатна. 

Таа ќе се одвива на пунктовите Бит Пазар, Идадија и Букурешт. Таму треба да се појават само граѓаните кои претходно добиле СМС порака со потврда на терминот. Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

На пунктовите на Бит Пазар и Идадија работното време е од 8 часот наутро до 19 часот навечер, а Букурешт ќе работи само во втора смена, од 14 до 19 часот.

Министерството за здравство годинава нарача количини од вакцината против грип за 50 проценти повисока отколку лани. Изминатите години, поради пандемијата со ковид 19, грипот беше дијагностициран кај помал број граѓани.

Вакцините против сезонски грип пристигнаа во пунктовите, од утре почнува имунизацијата на ризичните групи

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот