Фото: Flickr

Нутриционистите советуваат: Започнете да ги јадете овие 9 намирници за стабилен шеќер во крвта

Одржувањето на стабилни нивоа на шеќер во крвта е од клучно за здравјето, особено за луѓето со дијабетес. Урамнотежената исхрана, редовните оброци, хидратацијата, намалувањето на стресот, физичката активност и правилното земање терапија ја прават основа на контролата на гликозата. Еден од најделотворните чекори што можете да ги преземете е внимателно да ги избирате намирниците.

Не постои чудотворна диета за дијабетес бидејќи секој реагира различно на одредени видови намирници. Сепак, некои можат да помогнат во одржувањето на стабилни нивоа на шеќер во крвта, особено ако ги вклучите во оброците со протеини, влакна, здрави масти и зеленчук. Нутриционистите препорачаа девет корисни видови намирници за порталот „Итинг вел“ (Eating Well) кои често треба да се наоѓаат во вашата кошничка, но и да станат редовен дел од вашата исхрана.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови како бадеми, ореви, ф’стаци и лешници се богати со здрави масти (моно- и полинезаситени), кои помагаат во намалувањето на лошиот (ЛДЛ) холестерол. Тие содржат влакна и омега-3 масни киселини, а имаат мошне малку јаглехидрати, што значи дека не предизвикуваат ненадеен скок на шеќерот во крвта. Тие се идеални како ужина или како додаток на оброкот.

Путер од кикиритки и други јаткасти плодови

Ако претпочитате нешто што е полесно за мачкање, путерот од јаткасти плодови (како путер од кикиритки, бадеми или индиски ореви) е одличен избор. Кога се комбинира со јаглехидрати, како на тост или јаболко, помагаат да се забави апсорпцијата на шеќер и да се спречи наглиот скок на шеќерот во гликозата.

Бобинки

Боровницата, малините, капините и јагодите имаат помала содржина на шеќер од другите овошја и повеќе влакна, што ги прави погодни за лица со дијабетес. Покрај тоа, тие се богати со антиоксиданти кои придонесуваат за здравјето на срцето и мозокот, особено антоцијанини кои ги намалуваат воспалителните процеси и го подобруваат холестеролот.

Грчки јогурт без адитиви и засладувачи

Обичниот грчки јогурт е одличен извор на протеини, а може да се комбинира со овошје или со овесни снегулку за да се намали гликемиското оптоварување на оброкот. Освен тоа, помага во контролата на апетитот и го продолжува чувството на ситост, пишува „Итинг вел“.

Наут

Наутот обезбедува комбинација од влакна и протеини што помага во регулирањето на шеќерот во крвта и ве одржува сити подолго време. Може да се користи во различни јадења, од салати и чорби до крцкави печени грцки. Помага во намалувањето на нивото на гликоза по оброкот и во подобра контрола на апетитот.

Грав

Сите видови грав (црн, бел, пинто, црвен) се богати со отпорен скроб, кој се вари бавно и не го зголемува нагло нивото на гликоза. Тие исто така содржат растворливи влакна, кои можат да помогнат во намалувањето на холестеролот и подобрувањето на здравјето на цревата.

Овесни снегулки

Овесот е житарка од цело зрно богато со отпорен скроб и бета-глукани, вид влакна што придонесуваат за регулирање на шеќерот, здравје на цревата и намалување на холестеролот. Овесните снегулки, особено во форма на каша или натопени преку ноќ, е одличен избор за појадок.

Семе од чиа

Семето од чиа е богато со влакна, омега-3 масни киселини од растително потекло и протеини. Нивните растворливи влакна го забавуваат варењето на храната и апсорпцијата на шеќери, а воедно обезбедуваат долготрајно чувство на ситост. Може да се додадат во јогурт, овесни снегулки, смутија или салати.

Брокула

Брокулата е зеленчук со ниска содржина на скроб, богат со магнезиум, витамин Ц и сулфорафан, растително соединение за кое истражувањата сугерираат дека има потенцијални својства против ракот. Освен што е хранлива, лесно се вклопува во различни јадења, од пржени зеленчуци до прилози со месо.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот