„Њујорк тајмс“: Директорката на ЦИА го убеди Трамп до го убие Сулејмани

Фото: Mark Wilson / POOL

Според „Њујорк тајмс“ Хаспел на Трамп му рекла дека заканата која ја претставува иранскиот генерал е поголема од заканата од реакција на Иран ако тој биде убиен, неколку дена пред убиството на Сулејмани.

Директорката на ЦИА, Џина Хаспел според „Њујорк тајмс“ била жената која го убедила американскиот претседател Доналд Трамп да го убие иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Според „Њујорк тајмс“ Хаспел на Трамп му рекла дека заканата која ја претставува иранскиот генерал е поголема од заканата од реакција на Иран ако тој биде убиен, неколку дена пред убиството на Сулејмани.

Хаспел успеала и целосно да ја предвиди реакцијата на Иран, односно таа го предвидела ракетниот напад врз базите со американски трупи како најверојатна реакција на Иран, а токму тоа и се случи во вторникот.

Иако Хаспел формално не зазела став ни „за“ ни „против“ Сулејмани да биде убиен, лицата кои ја сослушале нејзината анализа биле убедени дека ЦИА верува дека неговата ликвидација само ќе ја зајакне, а нема да ја ослабне позицијата на САД и безбедноста на Блискиот Исток, пишува „Њујорк тајмс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот