Новогодишна честитка од Мицкоски: 2023-та нека биде година на промени

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: МИА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка до граѓаните по повод новогодишните празници.

Во честитката, Мицкоски ја оценува 2022 година како година на неспособна власт, сиромаштија, енергетска криза, година во која се тргувало со националното достоинство.

Македонија е нашиот заеднички дом, да покажеме заеднички патриотизам. Да не губиме време, да ја завршиме работата, народот да има повеќе пари, власта да има повеќе одговорност. Власта треба да се врати кај народот. Време е. Да создадеме иднина во која веруваме. Иднина која ја заслужуваме. Силно верувам во Вас, верувајте и Вие во себе, вели Мицкоски.

2023-та година, додава Мицкоски, ќе биде година во која промените ќе ја доживеат својата полна сила.

Ќе има многу проекти, поголеми број на помали и една голема победа. Ќе биде подобро. Доаѓаат подобри времиња, посочува Мицкоски во новогодишната честитка до граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот