Ново истражување: Откриена причината за утринска мигрена, 3 совети како да ја избегнете

Profimedia
Фото: Профимедиа

Гласната музика, светлите екрани, силните парфеми и силните светла можат да предизвикаат мигрена. Луѓето што страдаат од мигрена знаат дека најтешко е да се открие причината за нивната интензивна болка.

Меѓутоа, една нова студија сугерира дека времето на мигрена може да ни даде назнака за нејзините причини.

Неквалитетен сон

Новата студија откри дека ноќта со лош сон го зголемува ризикот од утринска мигрена за 22 отсто. Тие тврдат и дека ниското ниво на енергија претходниот ден го зголемува ризикот од мигрена за 16 отсто.

Меѓутоа, овие фактори не го зголемиле ризикот од попладневни главоболки. Наместо тоа, стресниот ден со многу енергија го зголемил ризикот од мигрена подоцна во текот на денот за 17 отсто. Овие наоди укажуваат дека времето кога добиваме мигрена може да ни помогне да ја откриеме нејзината основна причина.

Речиси 500 луѓе на возраст помеѓу седум и 84 години (од кои 61 отсто биле жени) учествувале во оваа двонеделна студија. За да ги измерат резултатите, тие носеле специјални уреди кои ја мерат активноста во текот на спиењето.

Тие, исто така, воделе дневници за енергетските скокови, стресот, анксиозноста и општото расположение.

Оваа студија не ја пронашла врската помеѓу анксиозноста, депресијата и ризикот од мигрена. Тоа не значи дека проблемите со менталното здравје не можат да придонесат за главоболки, но се чини дека ги немало меѓу оваа група, известува „Мајнд боди грин“ (Mind Body Green).

Затоа е важно да се фокусирате на квалитетен сон, без разлика дали страдате од мигрена или не. Долготрајниот и квалитетен ноќен одмор е неопходен за оптимално функционирање на мозокот.

Три совети за подобрување на квалитетот на сонот

Направете пријатна атмосфера: Вашата спална соба треба да биде подготвена за спиење. Се препорачува ладна температура во собата за спиење, да користите постелнина што е пријатна за кожата, да пуштите смирувачка музика и да се потрудите да прескокнете гледање во телефонот или другите екрани пред спиење.

Земете магнезиум: Магнезиумот е моќен минерал за спиење. Не само што е докажано дека помага во севкупниот квалитет на сонот, туку, исто така, ги стимулира рецепторите кои помагаат во ослободување од стресот, што е особено важно за оние со попладневни и вечерни главоболки, наведува студијата.

Започнете да го следите вашиот ритам на спиење: Апаратите за сон можат да ви помогнат да идентификувате што треба да поправите кога е во прашање вашиот сон. Исто така, наместо тоа, можете да водите дневник за спиење и да видите кој дел од вашата вечерна рутина треба да го подобрите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот