Unsplash
Фото: Unsplash

Ново истражување: Зошто состаноците на „Zoom“ нè исцрпуваат и како да се минимизира тоа

Состаноците на „Zoom“ и другите форми на видео конференција ги заменија состаноците на кои бевме навикнати во минатото. Но, „онлајн“ состаноците можат да бидат навистина поисцрпувачки. Зошто е тоа така?

Научниците откриваат зошто апликации како „Zoom“ толку нè замориваат и како да се минимизира тоа чувство, пишува „Индепендент“. Според студијата „Nonverbal Overload: A Theoretical Argument for the Causes of Zoom Fatigue“, постојат четири причини зошто видео повиците ја трошат нашата енергија.

epa-efe
EPA-EFE/MATTIA SEDDA

Студијата предводена од Џереми Бејленсон, проферсор по комуникација на Универзитетот Стендфорд, вели дека гледањето во екранот, намалената подвижност, гледањето одблизу како и понапорната комуникација за примање и испраќање сигнали се причините зошто овој метод на комуникација нè троши.

Децениските психолошки истражувања покажуваат дека кога се гледате себеси, вие потсвесно се анализирате, се вреднувате и тоа со текот на времето предизвикува стрес и негативни емоции“, вели Бејленсон.

Profimedia
Profimedia

Бејленсон се осврна на тоа што тој го нарекува „состојба на хипер-возбуда“ кога сме толку блиску до нечие лице, нешто што обично го доживуваме само пред интимен чин или конфликт.

Начини на кои можете да го минимизирате интензитетот на овие интеракции е да комуницирате од подалеку до екранот и да ја исклучите опцијата да се гледате самите себеси во вашето прозорче. Тоа може значително да помогне да се избегнат непријатните чувства, се вели во студијата.

Луѓето се прилагодија на повеќе форми на технологија и истражувачот, основач и директор на Лабораторијата за социјални медиуми во Сендфорд, Џеф Хенкок, верува дека можеме повторно да го направиме тоа.

Кога прв пат се појавија лифтовите, не знаеме дали во тој простор додека се возиме со некој
треба да се гледаме еден со друг или не“, вели тој.

Во поново време, делењето простор во превозно средство го отвара прашањето дали треба да разговараме со возачот или не, или дали да седнеме на задното седиште или на совозачкото седиште“, додава Хенкок.

Треба да развиеме нови начини за да ја подобриме моменталната состојба. Сега се наоѓаме во ера на видео конференции, и разбирањето на механизмите ќе ни помогне да го разбереме оптималниот начин за вршење различни работи, за различни организации и различни видови на состаноци“, посочува Џеф.

Profimedia
Profimedia

Бејленсон, Хенкок и нивните колеги прават понатамошни истражувања на таа тема. Тие смислија скала на исцрпеност од „Zoom“ која училиштата, големите компании и владините субјеткти можат да ја користат за да обезбедат информации за тоа колку се исцрпуваат нивните вработени и ученици за време и по услугите на овој сервис за видео и аудио комуникација.

Се надеваме дека нашата работа ќе придонесе за откривање на корените на овој проблем и ќе им помогне на луѓето да ги прилагодат своите „Zoom“ практики за да ја ублажат исцрпеноста со која се соочуваат отпосле“, рече истражувачот
Жералдин Фавил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот