Фото: Илустрација

Ново грозоморно убиство: Жена избодена до смрт во Кочани

Со повеќе убоди со нож смртно настрада жена утрово во Кочани.

Како што информира МВР за Слободен печат,  пеесет и деветгодишен маж по претходна расправија и нанел убоди со нож, при што од здобиените повреди починала на самото место.

 

„Денеска во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У.Р.(59) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 06.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала, со остар предмет и нанел убодни рани на Т.М.(46) од Кочани, која починала на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против У.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

 

Исто така вчера во Гевгелија се случи грозоморно убиство откако шеесет и деветгодишен маж ги застрела брата си и снаата по расправија околу заедничката куќа.

 

 

Двојно убиство во Гевгелија: Со пиштол ги застрелал братот и снаата

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот