Новите закони на Ким Џонг-ун: Смртна казна за гледање на странски филмови

Северна Кореја донесе нов закон каде забранува било какво странско влијание, забранувајќи било каква странска облека, странски филмови или зборувајќи сленг, пренесува ББС.

Животот во Северна Кореја за време на карантин не е баш лесен, без пристап до интернет, социјални мрежи и само неколку дозволени национални телевизиски канали, каде се емитува само големината на лидерот на земјата.

Ким Џон-Ун носи нов шокантен закон, каде секој што ќе биде фатен со голема содржина на видео снимки од Јужна Кореја, САД или Јапонија му следува смртна казна, а оние што ќе бидат фатени како гледаат такви снимки им следува казна затвор до 15 години.

Ким во јавноста ја повика Лигата на младите да превземе мерки во врска со ,,индивидуалното, антисоцијалното однесување“ на младите. Тој сака да ги забрани странските изрази, начините на облекување и фризурите на младите за кои вели дека се ,,опасни отрови“.

Политичките аналитичари тврдат дека со ваквите постапки, Ким Џон-Ун сака да ги забрани информациите кои излегуваат од Северна Кореја поврзани со нивниот живот, кој станува се потежок. Во време на пандемијата, со затварањето на границите, Северна Кореа е позатворена за светот од било кога.

Дејли НК први добија копија од новиот закон, во кој се вели дека ако вработен е фатен, тогаш фирмата може да биде казнета, исто како и ако дете е фатено може неговиот родител да биде казнет, пренесува Ли Санг Јонг, главниот уредник на Дејли НК. Тој додаде дека режимот заклучил дека во земјата може да се створи отпор доколку навлезе надворешна култура.

Еден од ретките кои ја напуштиле државата во изминатата година, Чои Џонг-хун во интервју за Би-Би-Си изјави дека кога и да е во тешка ситуација земјата носи се построги закони со потешки казни.

Народот во Северна Кореја со години се служел со криумчарење на филмови од Кина преку УСБ стикови. Доколку три пати се промаши лозинката на УСБ стикот, содржината во него се брише, вели Џонг-хун. Во раните 2000ти години властите приметиле се поголем број на пиратски филмови од Кина, па со тоа почнале да прават претреси на универзитетите, но тогаш казните биле поблаги, со што на осомничените им следувало само една година затвор.

Јун Ми-со говори како на нејзини 11 години видела како е убиен човек поради гледајќи Јужнокорејска драма: „Паметам како му беа врзани очите, сеуште се сеќавам како му течеа солзи. Го врзаа и го ставија на клада, па потоа го стрелаа. Тоа беше доста трауматично за мене.“

Таа раскажува како нејзините соседи се снаоѓале за да гледаат странски филмови, земајќи акумулатор од автомобил, поврзувајќи го со генератор за да можат да добијат доволно електрична енергија за да го уклучат телевизорот.

„Гледањето на филмови во Северна Кореја е луксуз, кој може да им донесе на луѓето три годишна работа во логорите. Најпрво граѓаните треба да дојдат до храна, а потоа да гледаат филмови, но кога е тешко да дојдат до храна, уште потешко е кога некој од нивното семејство ќе заврши во работен логор“, додаде Џонг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот