Новите британски визни прописи принудуваат илјадници Италијанци да ја напуштат земјата

Невреме во Лондон, Англија / Фото EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Илјадници млади Италијанци, кои главно се вработени во угостителството во Велика Британија, наскоро ќе мора да ја напуштат земјата поради новите владини уредби кои пропишуваат дека за виза за странски стручни работници минималната неопходна плата треба да изнесува 38.700 илјади фунти годишно, споредено со претходните 26.000 фунти.

Како што наведува „Тајмс“, новите визни прописи автоматски ќе спречат групи млади угостители да работат и престојуваат во земјата, но и ќе влијаат на работењето на рестораните кои ќе се соочат со недостиг на персонал.

Правилото за минимална плата нема да влијае само на келнерите и пица мајсторите, пишува италијанскиот „Месаџеро“, кој ја интервјуирал Италијанката Алесандра Солинас, која магистрирала маркетинг во Велика Британија, но сега не може да ја најде работа во канцеларија со почетна плата од 38.700 фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот