Новиот „Џерард“ игра за 700 евра, а сакаат да го купат за 60 милиони!

фото: твитер

Кој е Џуд Белингем, најмладиот дебитант во историјата на второлигашкиот англиски тим Бирмингем сити и големата желба на премиерлигашите?

Има само 16 години и е „мета“ на два великани кои се подготвени да одвојат вистинско богатство за неговите услуги. Британските медиуми шпекулираат дека Челзи и Манчестер јунајтед, во јануари дојде понуда од 42 милиони евра.

Дури и се пишува дека би можел Бирмингем да заработи околу 60 милиони евра што делува неверојатно со оглед на тоа што Белингем моментно игра на стипендиски договор според кој прима 175 евра неделно, односно 700 евра месечно.

Сите се прашуваат, да не е превисока понудата за 16-годишен играч од втора англиска лига? Цените на англиските играчи се значајно повисоки од странците, бидејќи и премиерлигашите мораат да имаат одреден број на домашни фудбалери.

За Белингем се тврди дека е голем талент, дека има нешто во У17 англискиот репрезентативец кој прославениот Џејмејн Пенант го споредува со легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард.

Од лани има вкупно 28 настапи и четири голови, играчот од средниот ред воедно запиша досега три мечеви и два погодоци за У17 репрезентацијата на Англија.

– Може да игра офанзивно, а може и дефанзивно. Еден комплетен играч, а освен што има само 16 години, доминира и во контакт играта. Единствената разлика помеѓу него и некој кој е професионалец долги години е начинот на кој се носи со притисокот – вели шпанскиот менаџер на Бирмингем, Пеп Клотет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот