Нови неволји за Трамп: Апелациониот суд го одби неговото барање па на суд ќе треба да се појави на 2-ри Октомври

EPA-EFE
Доналд Трамп, поранешен претседател на САД / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Апелациониот суд во Њујорк денеска одби да го одложи судењето на Доналд Трамп за граѓанска измама, закажано за 2 октомври, откако поранешниот американски претседател го обвини судијата дека направил грешка што одбил да отфрли голем дел од случајот.

Одлуката за одбивање на барањето на Трамп ја донела петчлената комисија на Апелацискиот суд на Менхетен.

Комисијата ја донесе одлуката два дена откако судијата на државниот суд Артур Енгорон утврди дека Трамп и неговата семејна фирма правеле сериозна измама со пари и документи за да добијат подобри услови за заеми и осигурување.

Тужбата против Трамп беше поднесена во септември 2022 година од страна на државниот обвинител Летиша Џејмс, која го обвини него, неговите синови, Организацијата Трамп и други за „неверојатна измама“ во врска со проценките на имотот.

Џејмс бара казна од најмалку 250 милиони долари, забрана на Трамп и неговите синови Доналд Џуниор и Ерик да работат во Њујорк и петгодишна забрана за Трамп и Организацијата Трамп да се занимаваат со комерцијални недвижности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот