Фото: PacificCoastNews / Pacific coast news / Profimedia

Нови детали за врската на Илон Маск и Амбер Херд: Период на „пекол“ и болка што сè уште трае

Новата биографија на Илон Маск, дава увид во интересниот и необичен живот на милијардерот и сопственик на голем број компании, која ја напиша американскиот писател Волтер Ајзаксон.

Зборувајќи за приватниот живот и неговите љубовни врски, Маск ги открива и деталите од бурната љубовна врска со актерката Амбер Херд.

Маск започна да се гледа со актерката во април 2017 година, по нејзиното јавно разделување со Џони Деп, кое пак резултираше со голема судска битка. Тие беа во врска до 2018 година, по што тој започна врска со музичарката Грајмс, со која сега има три деца.

Биографот тврди дека Маск бил вовлечен „во мрачен вител“ со таа врска, едноставно за него периодот со Амбер бил брутален.

„Ова траеше повеќе од една година и предизвика длабока болка која за Маск продолжува до ден-денес“, напишал Ајзаксон.

Писателот додал дека братот и пријателите на Маск многу ја мразеле Амбер и го опишал тој период од животот на Илон како „пекол“.

Да потсетиме дека милијардерот се заљуби во перидот кога актерката се разведуваше од Џони Деп. Се вели дека Маск во тоа време ѝ понудил на актерката заштита од наводно „насилниот“ холивудски актер.

Набрзо по нивната разделба излегоа тврдењата дека Амбер живеела на негова сметка и дека била многу манипулативна и насилна, но Маск никогаш не го коментираше или потврди тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот