Кит Урбан и Никол Кидман / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Нови детали за разделбата: Кит Урбан веќе си нашол друга, Никол Кидман го поднела барањето за развод

Еден ден откако се појави веста дека Никол Кидман и Кит Урбан се разделуваат, американските медиуми потврдија дека актерката поднела барање за развод, а извори блиски до двојката тврдат дека пејачот веќе пронашол друга.

Никол и Кит се разделиле во јуни, а извори за „ТМЗ“ изјавија дека таа сака да го спаси бракот, иако Кит очигледно не бил за тоа. Луѓе блиски до нив, исто така, тврдат дека пејачот продолжил да живее со друга жена.

Двојката се венча во јуни 2006 година откако се запознале на забава во Лос Анџелес една година претходно, и тие ги имаат ќерките Сандеј Роуз (17) и Фејт Маргарет (14).

Извор претходно изјави за списанието „Пипл“ дека Кидман не сакача развод и се борела да го спаси бракот.

„Сестрата на Никол, Антонија, е столб на поддршка, а целото семејство Кидман се здружи за да се поддржуваат едни со други“, додал изворот.

Поднесувањето на барањето за развод доаѓа по летната пауза, бидејќи Кидман снимаше филм во Лондон, а Урбан беше отсутен на неговата светска турнеја „High and Alive“.

Кидман и Урбан често зборуваа за нивната врска во медиумите, а актерката во 2024 година изјави дека имала „толку среќа што го има Кит, кој е едноставно љубовта на мојот живот“.

Разделбата доаѓа само три месеци откако Кидман ја прослави 19-годишнината од бракот на двојката со емотивна објава на Инстаграм.

Говорот на телото откри сѐ: Последното појавување на Никол Кидман и Кит Урбан го наговести крајот на 19-годишниот брак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот